Search

Помалку работници во рударството, повеќе во преработувачката индустрија

Бројот на работниците во индустријата лани во декември во однос на истиот месец во 2021 година, е зголемен за еден процент. Во периодот јануари-декември минатата година, пак, во однос на истиот период од 2021 година, е намален за 0,9 проценти.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи опаѓање од 4,3 проценти и од 0,4 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, апораст од 1,4 проценти во Преработувачка индустрија.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,7 проценти и Капитални производи за 11,3 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6,5 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 процент.
Треба да знаете
Последни објави