Search

Пол-позиција за Ботас во Силверстон

Пилот на Мерцедес, Валтери Ботас беше најбрз на денешните квалификации за трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Велика Британија.

Веднаш до Ботас, во првиот ред утре ќе биде неговиот клупски колега Луис Хамилтон.

Од вториот ред ќе стартуваат Шарл Леклер од Ферари и Макс Верстапен од Ред Бул.

Од петтата до десеттата позиција на стартот ќе се најдат: Пјер Гасли од Ред Бул Рејсинг, Себастијан Фетел од Ферари, Даниел Рикиардо од Рено, Ландо Норис од Мекларен, Александар Албон од Торо Росо и Нико Хулкенберг од Рено.

Главната трка за британското Гран при ќе почне утре со почеток во 15:10 часот.

Треба да знаете
Последни објави