Search

Пол Макартни откри дека јогата за очи му го подобрила видот

Сер Пол Макартни тврди дека во текот на неговиот престој во Индија научил како да практикува јога за очи и додава дека, иако може да „изгледа малку чудно“, тоа му помага подобро да гледа.

Додека многу луѓе се насочуваат кон вообичаените јога-рутини за да му помогнат на своето тело, sвездата на „Битлси“ открива дека верзијата за очи му овозможува да чита весник без неговите очила.

Легендарниот музичар (78) признава дека оваа форма на вежбање можеби изгледа малку чудно, но тој веќе ги чувствува придобивките од тоа.

Во разговор со Џеси Вер на нејзиниот подкаст Table Manners, Пол рече дека тој ја открил оваа јога на патување во Индија кон крајот на 2000-тите.

“Научив јоги во Индија. Нашите очи се мускули. Ушите не се, така што не можете да ги вежбате ушите. Но, вашите очи може,“ се пошегува тој.

Треба да знаете
Последни објави