Search

Полјак уапсен за закани со смрт кон полскиот претседател

Полската полиција уапси човек кој му се заканувал со смрт на претседателот Анджеј Дуда, а инцидентот се случи само еден ден откако градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович беше прободен до смрт во шокантниот напад на сцена, пренесува РТ.

Еден 72-годишен жител на Варшава беше уапсен во понеделникот откако се јави во локалниот Центар за помош на семејствата и изрекол закани кон претседателот, објави полицијата на Твитер.

„Адамович умре, а Анджеј Дуда може да умре утре”, рече тој, мислејќи на покојниот градоначалник на Гдањск, кој им подлегна на повредите во болница претходно истиот ден откако беше прободен на сцена за време на хуманитарниот концерт во неделата.

Полицијата брзо го утврдила местото на телефонскиот повик и го запленила телефонот што го користел за се јави, а Јавното обвинителство било информирано за инцидентот. Идентитетот на уапсениот не е откриен.

Треба да знаете
Последни објави