Search

Полувреме: Македонија добро парира на фаворизираната Словенија

Maкедонската репрезентација денес го игра натпреварот против Словенија кој е прв за нас ова Европско првенство. И можеме да кажеме дека по првите 30 минути играме одличен натпревар.

Одличен старт имаа момците на Лазаров, игравме добра одбрана, а нападот реализираше, па така поведовме со 0:3. Словенците после четири минути игра го постигнаа првиот гол, за во следниот напад ние одново да реализираме за 1:4.

Во тој момент Словенија успеа да се „собере“ по лошиот старт и да почне да ја наметнува својата игра. Следуваше една серија од 6:0 со која поведоа со 7:4.

По тајм-аутот кој го повика Лазаров ние повторно почнавме да играме добро, од голема помош беше Томовски кој не дозволуваше Словенија да се „одлепи“ кога немаше да реализираме. До изедначување дојдовме на 8:8. Следуваше по некој промашен напад и кај нас и кај Словенија, па во последните пет минути влеговме со 10:10. Во тој момент селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш го повика првиот тајм-аут.

По тој тајм-аут ние не постигнавме гол до крајот на првиот дел. Добро е што Томовски продолжи да биде на високо ниво, па Словенија на полувреме замина со 13:10.

Томовски полувремето го заврши со одлични осум интервенции. Цветан Кузмановски кај нас е најефикасен досега со три гола.

Треба да знаете
Последни објави