Search

Полските учители го продолжуваат штрајкот

Синдикатите на полските учители одлучија да го продолжат штрајкот откако пропаднаа денешните преговори со Владата. Поради протестите на наставниците кои траат веќе две недели, повеќето училишта се затворени. Министрите и синдикатските лидери се обвинуваат меѓусебно бидејќи не успеаја да ги приближат ставовите за време на двочасовните разговори. Засега нема планови за нови преговори. Учителите бараат зголемување на платите за 30 отсто, но Владата им нуди зголемување од 15 проценти.

– Нема пари за зголемувања на платите во буџетот за 2019 година, изјави претходно министерката за образование Ана Залевска. Штрајкот го поддржуваат голем број ученици, родители и уметници, така што синоќа, во знак на поддршка на учителите, во Варшава беше одржан рок концерт.

Многу учители во Полска заработуваат помалку од касиерките во супермаркетите.

Нивните месечни примања се движат од 1.800 до 3.000 злоти (470 до 780 долари) месечно во зависност од работното искуство. Тоа е прв штрајк од таков вид во Полска од 1993 година.

Треба да знаете
Последни објави