Search

Полскиот премиер: Санкциите од САД ќе го забават Северен тек 2, но нема да го запрат

Полскиот премиер призна дека санкциите од САД нема да успеат да го торпедираат главниот гасовод од Балтичко Море наменет за снабдување на Германија со руски природен гас и рече дека посакува проектот никогаш да не почнел, пренесува РТ.

„Верувам дека санкциите на САД ќе го одложат проектот, но нема да го запрат“, рече Матеуш Моравјецки, во интервју за германски „Ди Велт“ .

Швајцарско-холандска компанија за поставување цевки „Олсиз“ ја прекина својата работа на гасоводот во декември поради страв дека ќе биде погодена од санкциите што беа усвоени од страна на САД претходно тој месец.

Моравјецки, чија влада тврди дека проектот ќе ја направи ЕУ премногу зависна од рускиот гас, ја нарече одлуката на Берлин да не го напушти Северен тек 2 чекор во погрешна насока. Тој истакна дека иако Полска редовно ја изразувала својата загриженост во врска со гасоводот до германската канцеларка Ангела Меркел, тоа не го менува фактот дека Варшава и Берлин имаат различни мислења за ова прашање.

Меркел остро се спротивстави на обидите на САД да ја нарушат изградбата на гасоводот, тврдејќи дека тоа ќе биде од корист и за Германија и за ЕУ. На состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Москва во саботата, канцеларката истакна дека Северен тек 2 ќе се заврши без оглед на сè и вети дека ќе ја продолжи поддршката за проектот.

Путин рече дека Русија е способна самостојно да го заврши проектот и дека, иако изградбата би можела да трае неколку месеци подолго, таа ќе биде завршена или до крајот на оваа или до почетокот на следната година.

Треба да знаете
Последни објави