Search

Полскиот амбасадор на проштална средба со Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го прими на проштална посета досегашниот амбасадор на Република Полска во земјата, Јацек Мултановски.

Како што информираат од Собранието, Џафери ја поздравил континуираната поддршка на Полска за евро-атлантската интеграција на Република Македонија и притоа му се заблагодарил на амбасадорот за ангажманот во текот на неговиот мандат за развој на пријателските односи меѓу двете држави.

Тој исто така рекол дека имајќи ја предвид поддршката од страна на Полска за Република Македонија и нејзината важна улога во регионот, е задоволен што Полска е вклучена во берлинскиот процес, особено со фактот што следниот самит во 2019 година ќе се одржи во Варшава.

Амбасадорот Мултановски ја потврдил поддршката на Полска и нејзината подготвеност да ги пренесе своите искуства во нашата држава и ја искористил пригодата во име на неговата земја да го поздрави постигнатиот договор со Република Грција, при што истакнал дека тоа е договор со кој се надмина долгогодишниот спор и се отвораат вратите за влез во НАТО и ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави