Search

Полскиот амбасадор во Лондон ги повика сонародниците да се вратат дома по Брегзит

Амбасадорот на Полска во Лондон, Аркади Жегоцки ги повика своите сонародници, кои живеат во Велика Британија да размислат сериозно за враќање во татковината по Брегзит поради евентуални административни компликации.

– Ви советувам сериозно да размислите за можноста да се вратите во сопствената земја, истакна Жегоцки во писмо до сонародниците во Велика Британија.

Тој побара од полските граѓани, кои живеат во Обединетото кралство, да дејствуваат, барајќи од нив да поднесат барање за статус на постојан престој, во спротивно да размислуваат за враќање во Полска.

Британската Влада предложи статус на постојан престој за европските граѓани, кои сакаат да продолжат да живеат и работат во Британија по Брегзит, кој е планиран за 31 октомври.

– На територијата на Обединетото кралство живеат околу 832.000 Полјаци, но само една четвртина од нив побарале од властите постојан престој, потврди амбасадорот.

Треба да знаете
Последни објави