Search

Полска ја брани Индија: Терористите во Кашмир не слетаа од Месечината

Полскиот европратеник Ришард Царнецки жестоко го критикуваше Пакистан во Европскиот парламент, велејќи дека терористите во Индија не доаѓаат од Месечината, туку од соседниот Пакистан, пренесува РТ.

Царнецки ги повика своите колеги во Брисел да ја поддржат Индија во спорот со Пакистан околу Кашмир, велејќи дека Индија е веројатно единствениот демократски сојузник на Европската Унија во јужна Азија.

„Индија е најголемата демократија во светот. Треба да ги разгледаме терористичките напади што се случија во Џаму и Кашмир. Овие терористи не слетаа од Месечината. Тие дојдоа од соседната земја. Ние треба да ја поддржиме Индија“, рече тој.Полскиот европратеник го искажа својот став на специјалната дебата за состојбата во Кашмир во Европскиот Парламент.

Тензиите меѓу Индија и Пакистан се засилија откако Индија во август ја укина уставната одредба со која регионот Џаму и Кашмир имаше автономија над својата внатрешна администрација. Тие водеа три војни над спорната територија од 1947 година.

Треба да знаете
Последни објави