Search

Полска трет ден по ред бележи рекордно дневно зголемување на новозаразени со коронавирусот

Со 658 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, Полска денеска веќе трет ден по ред забележа рекордно зголемување на новозаразени на дневна основа.

Во последното деноноќие починале пет лица.

Од почетокот на пандемијата во Полска има вкупно 46.346 случаи на Ковид-19, од кои починале 1.721 луѓе.

Претходно оваа недела, премиерот Матеуш Моравјецки не ја исклучи можноста да се вратат некои рестриктивни мерки доколку ситуацијата се влоши. Министерот за здравство Лукаш Шумовски денеска рече дека може да се намали бројот на гости на свадби кој сега е ограничен на 150 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави