Search

Полска ги обвини руските контролори на летање за намерно уривање на авионот на Качински

Во бизарен пресврт во настаните, полските обвинители сега бараат апсење на тројца руски контролори на летање од аеродромот во Смоленск, кои ги обвинуваат за намерно предизвикување на несреќата во која загина поранешниот претседател Лех Качински во 2010 година, пренесува РТ.

Истражителите поднеле барање до Окружниот суд во регионот Варшава-Мокотов со предлог за привремено апсење на тројцата контролори, вели Ева Бијалик, портпарол на канцеларијата на јавниот обвинител.

„Обвиненијата покренати против контролорите на летање се однесуваат на намерно предизвикување на авионската несреќа што резултираше со смрт на многу луѓе“, додаде таа.

Качински и неговата сопруга беа меѓу 96-те лица во авионот на полското воено воздухопловство Ту-154М што се урна пред Смоленск, во Западна Русија, на 10 април 2010 година, при обид да слета во густа магла. Патувањето беше дел од обидот на тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев за средување на одосите со Варшава.

Првичните истраги и од полски и од руски официјални лица не утврдија технички проблем со леталото и посочија дека станува збор за пилотска грешка. Во тоа време, полските власти открија сериозни проблеми со организацијата и стандардите на вклучената единица на воздухопловните сили, која потоа беше распуштена.

Сепак, братот-близнак на претседателот, Јарослав Качински, уште од тогаш тврди дека несреќата е предизвикана од некаква руска перфидност. Полските и меѓународните истраги не пронајдоа докази што ги поддржуваат неговите тврдења.

Како и да е, неговите тврдења се чини привлекоа во полското јавно мислење бидејќи истражувањето објавено на почетокот на годинава покажа дека 44 отсто од Полјаците сметаат оти авионската несреќа е најголемото „актуелно прашање“ меѓу Варшава и Москва.

Иакоо моментот нема политичка функција, Јарослав Качински е претседател на владејачката ултра-националистичка партија „Закон и правда“ (ПиС), која е на власт од 2015 година. Тековните обвиненија против руските контролори на летање се засноваат на тврдење на полски истражители од 2018 година дека во остатоците се пронајдени траги од експлозив. Сепак, такви докази не се пронајдени за време на оригиналната истрага ниту во примероците на почвата собрани во тоа време.

Несреќата во Смоленск беше голем удар врз обидите за поправање на полско-руските односи. Качински требаше да присуствува на комеморацијата на советското убиство на полските војници во Катинската шумата за време на Втората светска војна.

Во владеењето на ПиС, Полска повеќепати се судри со Русија на дипломатско ниво и ги повика членките на НАТО трајно да стационираат војници на нејзина територија. Сепак, Варшава водеше и бројни политички битки со ЕУ, која се спротивстави на политиките на ПиС што беа во судир со вредностите официјално прифатени од Брисел.

Треба да знаете
Последни објави