Search

Половина милион луѓе во опасност од циклонот Идаи

Над  500.000 луѓе во градот Беира во Мозамбик се во опасност, предупредуваат претставници на една хуманитарна агенција, откако 90 отсто од градот беше „уништен“ од циклонот Идаи.

Циклонот од втора категорија ја погоди африканската земја со 175 км/ч на полноќ во четвртокот, уништувајќи огромна територија од земјата, пред да продолжи кон Зимбабве и Малави.

Во своето обраќањето на националното радио, претседателот на Мозамбик Филипе Ниузи предупреди во понеделникот дека иако официјалната бројка на загинати изнесува 84, сè укажува на тоа дека бројката би можела да достигне рекордни 1.000 жртви.

Ниузи додаде дека ситуацијата претставува „вистинска хуманитарна катастрофа од огромни размери“.

Ако проценката на Ниузи е точна, тоа би значело дека тропскиот циклон Идаи е најсмртоносниот тропски циклон што ја погодил Јужна Африка.

Интернационалната хуманитарна организација „Доктори без граници“ (MSF) соопшти дека Беира и околните области останале без електрична енергија, а речиси сите комуникациски линии биле уништени.

„Главните патишта што водат кон Беира се отсечени, зградите се поплавени и сериозно оштетени, а сите бизниси се затворени“, рекоа од хуманитарната агенцијата, додавајќи дека „медицинските активности во болницата во Беира, во локалните здравствени центри и во целата заедницата престанаа целосно.“

Иако циклонот го погоди Мозамбик во четвртокот, беа потребни неколку дена за да се процени штетата што истиот ја предизвика, делумно поради лошата инфраструктура на земјата.

Треба да знаете
Последни објави