Search

Полно комбе со тинејџери остана дефект на Плетвар, хуманоста на Фросина никого не остави рамнодушен

Би сакал да споделам една ситуација, што се случи синојќа, ситуација која што за негде е вообичаено и нормално нешто, но за негде е редок исклучок ,па чувствувам потреба вака да ја доловам…
По враќањето од концертот на играорците во Битола, негде после полноќ ( 00:15), комбето погоди огромна дупка ( би ја нарекол озонска ), при што настана дефект, на релацијата Плетвар-Кавадарци.
Црна темница, остри кривини, планински предел,шума, прст пред око не се гледа, инсект не се слуша…а како шлаг на сето тоа, помислата што се се случува во секојдневие …. остануваме заглавени повеќето малолетни-играорци, неколку со штотуку наполнети 18 години, и јас и колегата како нивни одговорни…
Додека возачот ( кој беше доста присебен ), пробуваше да го поправи комбето( нешто со моторот ) , а колегата остана со децата… со блиц се обидував да сигнализирам на возилата кои поминуваа одвреме навреме, да застане некој и на некаков начин да ни помогне… но за возврат ( типично ) само блендираа,или пак не не регистрираа…
Откако се откажав од таа намера, и се вратив кај децата ако ништо друго барем да се подружиме и насмевнеме малку, самоволно застанува црно возило “Пасат”…
Возачот – маж а од страната на совозачот, гледам жена позната од јавноста… неможев да се сетам во моментот која беше…
Ми вика :
– Што е проблемот дечко ?
– Удривме дупка, имаме проблем со моторот не работи комбето..- велам
– Кој има во комбето ? – ми вели…
– Деца, играорци, бевме на концерт во Битола, и се враќаме за Скопје…јас сум им наставник ….
Му се обрати на возачот : ” Паркирај се тука…”
Се јави негде на телефон …
” Ацко, на релација Плетвар – Кавадарци, има деца играорци, им се расипало комбето , по кратки ракави се, ладно е ќе измрзнат, жива темница е тука, прати одма автобус или комбе да ги земе да ги однесе до Скопје, јас ќе го регулирам тоа.”
Ми се обраќа: “Дечко, имате автобус од Прилеп, ќе пристигне за 15-20 минути… ќе почекамe со вас малку да не бидете сами… ”
Излегоа и дел од дечињата, се израдуваа , не бевме сами повеќе, си помуабетивме, атмосферата се релаксираше па малку се присетив …
И велам на жената: “Вие сте министер, ако не се лажам… ”
– “Бев, повеќе не сум, сега сум Потпретседател на собрание…”
– “Ааа да да , сега ми текна , Фросина се викате… ”
– “Да не треба да однесам некого, побрзо до Скопје со мене?” – ми вели
– “Ако не ви е проблем, да , имаме 3 деца мораат што побрзо да стигнат дома…”
– ” Секако, нема проблем, ајде”
– “Ви благодарам многу, незнам како да ви се оддолжиме…”
– “Еве ви мој број и чекам да ме поканите да присуствувам на ваш концерт ..”

Ги зема дечињата, ги однесе до Скопје, а за кратко се обезбедивме и ние останатите и пристигнавме во Скопје негде околу 03:00 часот по полноќ…
Не ме интересира дали е функционер дома или на работа, таа синојќа беше човек кон нас… не одминаа неколку луѓе со возила ( можеби фукционери, можеби не ) но ниту еден не беше човек да застане…
Ви благодарам од срце вака јавно, во лично и име на сите присутни играорци ❤ ❤ ❤
Frosina Remenski Frosina Remenski

Треба да знаете
Последни објави