Search

Полицијата ќе им укажува на угостителите за почитување на одлуките за заштита од ширење на „Kовид-19″

Триесетина угостителски објекти во полошкиот регион деновиве ќе бидат посетени од полициски службеници, кои на сопствениците ќе им укажат на потребата од доследна примена и целосно почитување на владините одлуки кои се однесуваат на заштита од ширење на коронавирусот „Kовид-19″. Од СВР Тетово информираат дека денеска започна серијата превентивно-информативни средби со угостителите од тетовско-гостиварското подрачје, чиј носител е Отсекот за превенција. Покрај ова, ќе им биде нагласена и неопходноста од задолжително постапување според утврдените протоколи за работа, особено при организирање на забави, прослави и други манифестации.

– На средбите со угостителите каде најчесто се организираат вакви настани, поблиску ќе бидат запознати и со законските импликации, доколку не постапуваат согласно законски предвидените стандарди и критериуми. Ним посебно ќе им биде нагласена одоговрноста доколку во објектите непријавено се организираат сведбени или други семејни свечености со поголем број присутни гости, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Тој посочи дека превентивните активности ќе продолжат до крајот на овој месец. Целта на оваа активност е потсетување на угостителите како практично да се однесуваат и на што најмногу да обрнат внимание кога станува збор за превенцијата од „Kовид-19″.

Треба да знаете
Последни објави