Search

Полицијата утрово го уапси Стевчо Јакимовски

Полицијата утрово го уапси Стевчо Јакимовски

Полицијата по налог на јавен обвинител утрово го уапси лидерот на партијата ГРОМ и ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, како дел од нова истрага.

Јакимовски утрово треба да биде изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд, каде што за него ќе се бара притвор.

Поранешниот градоначалник и лани во август беше уапсен. Финансиската полиција, кај Јакимовски истражуваше во врска со три тендери, од кои два за општинските бараки и еден за плоштад во Жданец.

Повеќе информации за истрагата се очекуваат во текот на денот.

Извор: Макфакс

Треба да знаете
Последни објави