Search

Полицијата утрово ги привела опозициските функционери Дејан Митревски и Димитар Димовски

Полицијата утрово го привела Димитар Димовски член на Извршен Комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски – Претседател на Општиснкиот Комитет во Аеродром, дознава 24 Инфо.

Апсењето на двајцата опозициски функционери е дел од поголема акција во која се уапсени 10 лица, а по едно се трага.

Од МВР го потврдија настанот.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје

По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес“.
Од МВР информираат дека повеќе детали за настанот ќе бидат соопштени во текот на денот.

Треба да знаете
Последни објави