Search

Полицијата уапси 2 лица за присвојување културно наследство

На 17.03.2019 во 20.00 часот во Полициска станица Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра од привремена заштита или културно наследство или природна реткост”,  од слобода се лишени Т.Т.(51) од Стар Дојран и В.П.(50) од Гевгелија. При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени метал детектор со две сонди, златни и бакарни предмети и други предмети. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави