Search

Полицијата трага по „сеат“ во кој се возел потпалувачот на автомобилот на Миле Зечевиќ

Полицијата трага по автомобилот во кој се возеле лицата кои го запалиле автомобилот на Миле Зечевиќ,член на Централниот одбор на СДСМ, утрово во скопската населба Карпош 1, дознава 24Инфо.

Според неофицијални информации, позната е марката на возилото со кое потпалувачите дошле на улицата Генерал Михајло Апостолски, каде пред куќата на семејството Зечевиќ бил паркиран автомобилот „тојота корола“.

Возилото било сопственост на сопругата на Зечевиќ, кое било опожарено во делот на предното лево тркало, по што пламенот го зафатил моторот и предниот дел. Од топлината дошло до експлозија од која испукале стаклата, а која ги вознемириле станарите на околните куќи и згради.

Потпалувачите дошле со автомобил „сеат“, а кој најверојатно бил фатен и на некоја од камерите на објектите во близина.

Од МВР велат дека работат на расветлување на случајот како и дека се непознати мотивите за инциндентот.

Зеќќевиќ во 2006 година беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а претходно и шеф на кабинетот на Владо Бучковски, кога овој беше министер за одбрана.

фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави