Search

Полицијата со солзавец ги растера поддржувачите на Ѓоковиќ

Хаос во Мелбурн, пред зградата во која се наоѓа Новак Ѓоковиќ. Австралиските медиуми објавија дека полицијата се судрила со приврзаниците на Ѓоковиќ, а потоа ги растерала со солзавец. Според првичните информации има повредени.

Инцидентот се случил, кога насобраните фанови на Ѓоковиќ, го опкружиле црниот автомобил, во кој се претпоставува дека бил најдобриот светски тенисер. Други информации говорат дека во автомобилот биле адвокатите на Ѓоковиќ.

Фановите го следеле автомобилот во првите стотина метри, поради што полицијата употребила солзавец.

Навивачите на Ѓоковиќ се уште се пред зградата, во која се наоѓа канцеларијата не неговите адвокати, тие извикуваат: „Олободете го Новак“.

Австралиските медуми, тврдат дека вечерва на полноќ по локално време, Ѓоковиќ ќе биде слободен, бидејќи министерот за имиграција, Алекс Хок, нема да донесе одлука за негова депортација.

Треба да знаете
Последни објави