Search

Полицијата пронајде оружје во куќа на кавадарчанец

Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера во 6:30 часот го лишиле од слобода А.Т.(37) од с. Дабниште, кавадаречко, поради тоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловна пушка, 17 куршуми со калибар 12 мм , 22 куршуми калибар 16 мм, 20 куршуми со ознака БТ3 непознат калибар, една метална направа за полнење куршуми. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

Треба да знаете
Последни објави