Search

Полицијата привела 20 странци кои нелегално работеле на објект во центарот на Скопје

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север и СВР Скопје приведоа  20 странски државјани кои што го злоупотребиле туристичкиот престој и во Скопје незаконски и непријавено извршувале работи на градежни објекти.

Имено, во централното градско подрачје, на градежен објект лоциран меѓу ул. “Ј.Мијалков“ и ул. “М.Х.Јасмин“, каде изведувачи на градежни работи биле неколку правни лица биле откриени: 11  државјани на Косово, по четворица државјани на Албанија и на Турција, како и еден државјанин на Иран, кои што нелегално работеле на објектите.

Лицата – странски државјани се приведени во ПС Центар и во ПС К.Вода за натамошна постапка. Во консултација со Јавен обвинител, дополнително се преземаат активности за утврдување на одговорност на правните субјекти.

Треба да знаете
Последни објави