Search

Полицијата по втор пат го побара Груевски во неговиот дом, но не го најде

Полицијата по втор пат го побара Груевски во неговиот дом, но не го најде

Полицијата вечерва втор пат се обиде да го пронајде поранешниот премиер Никола Груевски во негоиот дом за да го спроведе во затворот во Шутка за издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, но не го најде. Овој пат, тоа беше направено без присуство на новинари и сниматели.

Полициска екипа прв пат го побара Груевски во неговиот стан вечерва околу 18:30 часот, но тогаш никој не им отвори.

Тоа следува по распишаната потерница од МВР на барање на Кривичниот суд, откако Груевски не се пријави во затворот во предвидениот рок. Полицајците го побараа Груевски во неговиот стан, но никој не им отвори, по што тие слегоа пред влезот на зградата.

Во меѓувреме, МВР на веб страницата објави потерницата со фотографија од Груевски.

Засега нема информации каде е Груевски и дали полицијата го лоцирала. Од МВР велат дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија од постапувањето по потерницата.

Кривичниот суд во Скопје попладнево во 16.30 часот достави до СВР Скопје барање за издавање потерница против Груевски, откако изминативе денови судските курири не успеаја да му го достават решението на Советот на судот со кое се одбива неговата жалба во однос на двегодишната затворска казна за „Тенк“

Треба да знаете
Последни објави