Search

Полицијата поднесе 29 кривични пријави за граѓани од Струмица и Радовиш кои не ја почитувале забраната за движење

– СВР-Струмица вчера поднесе 29 кривични пријави за прекршување на забраната за движење, од кои 25 пријави за 27 лица се поднесени до ОЈО Струмица и две пријави против две лица во Радовиш, соопштија денес од полицијата.

За разлика од завчера кога 17 лица ја прекршија забраната за движење, синоќа само пет граѓани биле затекнати надвор од своите домови, од кои четири лица во Струмица и едно во Валандово.

Од полицијата информираат дека со решенија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат три нови лица се во домашна изолација, од кои две во Радовиш и еден во Гевгелија, а на подрачјето на Секторот за внатрешни работи-Струмица се евидентирани и три нови лица во самоизолација.

Треба да знаете
Последни објави