Search

Полицијата открила 15 нерегистрирани возила за еден ден

Во текот на 05.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека пет возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 20 возачи, од кои: седум возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 11 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се три возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест возачи поради неправилно престројување, три возачи поради неправилно престигнување, двајца возачи поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, три возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 141 мандатен платен налог и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Треба да знаете
Последни објави