Search

Полицијата не може да најде 300 автомобили што им биле изнајмени на странски функционери за самитот АПЕК

Полицијата во Папуа Нова Гвинеја трага по речиси 300 автомобили кои им биле позајмени на официјалните лица за време на минатогодишниот самит на Организацијата на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), објави Би-би-си.

Луксузната флота била увезена, за лидерите кои биле во Папуа Нова Гвинеја да можат да се движат во стил во земја што е заглавена во сиромаштија. Од полицијата соопштиле дека 284 возила сè уште недостасуваат. Меѓу нив има модели на „Форд“, „Мазда“ , „Ленд крузер“ и „Мицубиши“.

За среќа, како што наведуваат медиумите, најскапите автомобили „Масерати“ биле лоцирани.

„Сите 40 ‘масерати’ и трите ‘бентлија’ се во добра состојба“, соопштил командирот на полицијата Денис Коркоран.

Лидерите на земјите од јужно-пацифичкиот регион се надеваа дека глобалната конференција ќе привлече инвестиции како и меѓународно внимание кон Папуа Нова Гвинеја.

Но, домаќинот на настанот ги оптовари ресурсите на земјата и побара помош од други земји. Австралија, САД и Нов Зеланд испратија полициски сили за да осигураат дека присутните на самитот ќе бидат безбедни.

Во тоа време, и медиумите и активистите се прашуваа дали има смисла за сиромашните земји да бидат домаќини на меѓународен настан како што е самитот на АПЕК. Критичарите ги видоа стотиците службени автомобили како симболи на владиното трошење односно расфрлање со пари.

Треба да знаете
Последни објави