Search

Полицијата на трага на ограбувачите на банки

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека имаат одредени индиции за групата поврзана со грабежот на екпозитурата на НЛБ банка вчера во Сарај, како и на останатите разбојништва во изминативе неколку месеци,

Според Спасовски, бандата е со мешан состав, односно не е составена само од македонски државјани.

-Ова е трет случај од минатата година, а начинот на кој се случиле грабежите отприлика е ист. Освен вооружените грабежи, имавме и такви од вработените или лица кои имаат пристап. Ги реализиравме до крај, тоа беа грабежот во Тутунска и Шпаркасе банка и така натаму. Се работи многу посветено  за да се расчистат сите овие случаи, рече Спасовски, но не откри повеќе детали заради истрагата.

Треба да знаете
Последни објави