Search

Полицијата ги блокирала сите излези од Нови Сад во потрага по осомничениот монструм

Полицијата ги блокирала сите излези од Нови Сад во потрага по осомничениот монструм

Вулканизерот Горан Јанковиќ (37) најверојатно го извршил масакрот во Нови Сад кога упаднал во родителската куќа на својата сопруга Мирјана Јанковиќ (32) и ги убил неа и нејзините родители 57 годишниот татко и исто толку годишната мајка.
За да биде поголема трагедијата , стравичниот злостор го гледале синовите на Горан и Мирјана, а постарото момче успеало некако да дојде до телефон и да го повика својот вујко на помош. За жал било предоцна.
-Се претпоставува дека прво го убил дедото . Потоа на Мирјана и ја смлечкал главата а на крај и пресудил и на бабата. Крв било насекаде а најужасно било што децата биле присутни . Кога влегол во куќата вујкото кој пристигнал за само неколку минути, едното дете било во креветот со мајката , а другото со бабата, пишуваат српските медиуми.
Пријателите на убиеното семејство рекле дека Мирјана и Горан неколкупати се разделувале и смирувале, бидејќи тој бил насилен.
Полицијата ги блокирала сите излези од Нови Сад во потрага по осомничениот монструм. Патролите ги запирале и претресувале скоро сите автомобили. Градот го надлетувале и хеликоптери а во потрагата за Јанковиќ се вклучила и војската.
Сосетката ги открива последните зборови кои ги слушнала од куќата каде се случило тројното убиство, открива српски Курир.
Првата сосетка на Бранислава и Нада Пајиќ, кои зетот Горан Јанковиќ брутално ги убил, а потоа и нивната ќерка Мирјана Јанковиќ, ги открива последните зборови кои ги слушнала од куќата на стравот во Нови Сад, пишува курир.рс
Таа слушнала бучава и го отворила прозрецот, а потоа ја здогледала Нада Пајиќ која извикала – „Зете, задоволен ли си сега?“.
Сосетката веднаш му рекла на својот син да оди кај нив и да види што е работата, но веќе било предоцна.
Набргу потоа, Горан ја убил и сопргуата Мирјана, додека нивните деца го гледале хоророт.
Полицијата веднаш дошла на лице место. Потрагата за Горан Јанковиќ, кој моментално е единствениот осомничен за масакрот и понатаму трае.
Треба да знаете
Последни објави