Search

Полицијата во Чикаго уби малолетник кој се обидел да побегне за време на контрола

Седумнаесетгодишник им подлегна на повредите откако во него пукаше полицијата во Чикаго, пренесуваат американските медиуми.

„Малолетникот се обиде да побегне за време на сообраќајна контрла. Полицаецот, кој се обидел да го стигне пукал во него. Момчето подоцна починало“ пишува во соопштението на одделот за истраги на случаи во кои е вмешана полицијата.

Истражителите од тој оддел ги прегледале сите расположливи снимки и продолжуваат со сослушување на сведоци, за да ги утврдат околностите на несреќата, се додава во соопштението.
Како што се наведува, жртвата е Мајкл Елам.

Претходно полицијата објави дека нејзин припадник пукал во осомничен во вооружен инцидент и дека лицето е пренесено во болница и е во критична состојба.

Полицијата во Чикаго, третиот по големина американски град, изминатите години е обвинувана за повеќе пропусти. Во 2014 година полицаец белец со 16 куршуми го застрела Лаквон Мекдоналд, 17-годишник Афроамериканец, вооружен со нож, кој бил на поголема оддалеченост од него. Полицаецот Џејсон Ван Дјук беше осуден на речиси 7 години затвор поради убиство.

Подовцна, видеоснимка објавена во 2015 година за убиството на момчето ги разлути жителите и предизвика неколкумесечни протести.

Сојузната истрага на полицијата утврди дека полициските злоупотреби биле чести во тој град, погоден со насилства и криумчарење дрога.

Треба да знаете
Последни објави