Search

Полицијата во Хонг Конг повторно употреби солзавец

Полицијата во Хонг Конг денеска повторно употреби солзавец за да растера илјадници антивладини демонстранти кои излегоа на улиците на градот.

Протестот во трговскиот кварт Цим Ца Цуи следуваше откако стотици луѓе се собраа пред американскиот конзулат во Хонг Конг во рамки на „Марш за благодарност” за поддршката на САД за антивладините протести кои траат речиси шест месеци.

Претходно стотици луѓе, меѓу кои и семејства со деца, протестираа против употреба на солзавец за време на демонстрациите.

Изминатата недела во Хонг Конг беше релативно мирна, но демонстрантите соопштија дека ќе продолжат да одржуваат тензии и за денеска најавија три протести.

Треба да знаете
Последни објави