Search

Полицијата во Хонгконг употреби солзавец против демонстрантите

Демонстрантите во Хонгконг денеска запалија кинеско знаме, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Полицијата обвини некои демонстранти дека фрлале молотови коктели по маршот на повеќе од илјада лица во Туен Мун, област во северозападниот дел на градот.

Демонстрантите поминале околу два километри од игралиште до зградата на Владата.

Многу од нив биле облечени во црно и носеле чадори, симбол на нивното движење.

Протестот бил релативно мал во однос на претходните демнострации кои се одржуваат секој викенд од јуни.

Треба да знаете
Последни објави