Search

Полицијата во Минск апсела жени на демонстрациите против Лукашенко

Десетина демонстрантки биле уапсени денеска на протестот во Минск каде се барало оставка од претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, пренесува Бета.рс. Стотина жени протестираа во центарот на Минск, продолжувајќи го бранот на демонстрации против Лукашенко, започнати после претседателските избори кои се одржаа на 9 август.

Организацијата за заштита на човечки права Вијасна соопшти дека полицијата го блокирала центарот на Минск и уапсила повеќе од 80 демонстрантки, пренесува Асошиејтед прес.

Полицијата бркала некои од уапсените по блиските згради, каде тие пробале засолниште, наведува Вијасна.

Белорусија е погодена од политичка криза од претседателските избори, кога низ земјата почнаа масовни антивладини протести, предизвикани од официјалните резултати на гласањето според кои Лукашенко освоил повеќе од 80 отсто од гласовите.

И покрај настојувањето на власта да ги задуши протестите со апсења и репресија над демонстрантите и активистите, нема знаци дека граѓаните ќе се повлечата од улиците.

Треба да знаете
Последни објави