Search

Полицијата во еден ден открила 17 технички неисправни возила кои вршат јавен превоз низ гостиварско

Седумнаесет возила кои вршат јавен превоз низ гостиварскиот регион имале неисправни сопирачки, истечена регистрација и други недостатоци.

Во последната акциска контрола, полициски службеници на СВР Тетово вчера од 10 до 16 часот правеле проверка за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, претежно комбиња и автобуси.

– При контролата откриени се и законски санкционирани се 17 технички неисправни возила, најмногу со неисправни сопирачки. Покрај ова, 5 возила имале истечена регистрација, исто толку биле со неизвршен технички преглед и други недостатоци. Десет, од технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај, изјави за МИА, Марјан Јосифоски портпаролот на СВР Тетово.

На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност.

Во вчерашната контрола откриени се и 4 други видови прекршоци.

Треба да знаете
Последни објави