Search

Полицијата во бркотница со мигранти – излегле од комбе и бегале заедно со возачот

Возач на комбе и мигранти кои тој ги превезувал, откако биле забележани, се обиделе да побегнат од полицијата во близина на обиколницата кај селото Табановце.

Како што информираат од МВР, полициски службеници забележале товарно возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегле мигранти, кои заедно со возачот се вдале во бегство.

Полицијата започнала потера и за кратко време биле пронајдени двајца мигранти на возраст од 22 и 21 година, а по потекло од Пакистан.

Едниот од нив се здобил со повреда на ногата додека бегал и му била укажана помош од екипа од Црвен крст.

Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави