Search

Полицијата бара жителите на Стразбур да останат во своите домови

Француското Министерство за внатрешни работи ги предупреди жителите на градот Стразбур да останат во затворен простор откако полицијата соопшти дека дошло до инцидент со пукање.

„Во Стразбур се случи сериозен инцидент по јавната безбедност”, објави Министерството на Твитер. „Од жителите се бара да останат во своите домови. Повеќе информации следат, почитувајте ги инструкциите од властите”, порача француското МВР.

Градоначалникот на Стразбур Ролан Рис изјави дека во тек е „сериозен инцидент”, дополнувајќи дека „мислите му се со жртвите”.

„Франс инфо” објави дека лидето отворило оган кон насобраните луѓе од автоматско оружје во секторот Гранд Руе.

Пукотницата предизвика паника меѓу присутните, а тешко вооружена полиција дојде веднаш на местото на инцидентот. Божикните штандови, како и блиските кафулиња се евакуирани.

Локалните медиуми известуваат дека биле испукани десетина куршуми, но и дека напаѓачот сè уште е на слобода.

Треба да знаете
Последни објави