Search

Полициски џип излета од пат кај Богданци, повредени тројца војници

На 24.03.2020 во 20.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Богданци-Гевгелија, поточно на место викано Лгот, патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Б.Ј. излетало од коловозот.

Во возилото се превезувале и шест припадници на Армијата, кои биле на испомош во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“. Во незгодата со полесни повреди се здобиле тројца припадници од Армијата, по што биле пренесени во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

 

Треба да знаете
Последни објави