Search

Полициски час на Миконос, прекин на градежните активност на Санторини

Вонредни превентивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, од утрово стапуваат во сила на грчките острови Миконос и Санторини со одлука на заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.

На Миконос, во следните 14 дена се воведува забрана за движење на граѓаните од 20 до 8 часот, односно полициски час, додека пак на Санторини, на еден месец се одложуваат сите градежни активности.

Според грчките медиуми, на островот Миконос веќе се потврдени два случаи на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави