Search

Полициски час во неколку црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет градови во црвената зона според бројот на лица заразени со коронавирус, а одлуката за можно затворање на Подгорица ќе биде донесена откако ќе пристигнат резултатите од 200 примероци од Германија.

Од денеска ќе се воведе полициски час од 22 до 5 наутро во Будва, Улцињ, Цетиње, Колашин и Жабљак од 22 до 5 часот наутро, а ќе има и затворање на училиштата, градинките и рестораните, изјави директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје, Бобан Мугоша.

Тој додаде дека мерките се воведуваат бидејќи стапката на инфекција во тие градови е поголема од 800 на 100.000 жители.

Откако бројот на пациенти започна нагло да се зголемува во септември, властите воведоа т.н. семафор според кој се воведуваат локални мерки во зависност од бројот на заразени.

 

Треба да знаете
Последни објави