Search

Полициски час во Лос Анџелес, Чикаго и Вашингтон

По бранот протести во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој поради бритална полициска сила почина за време на полициско приведување во Минеаполис, во бројни градови е воведен полициски час.

Така, полициски час е воведен во Лос Анџелес, Чикаго, Детроит и Вашингтон, додека југозападната држава Аризона вовела полициски час за цела недела во целата држава, откако демонстрантите излегоа на улиците и се судрија со полицијата, која употреби солзавец и гумени куршуми.

Ограничувањето на движењето, кое ќе погоди милиони луѓе, стапи на сила истовремено со распоредувањето на 5000 припадници на Националната гарда, кои се активирани во 15 држави и во главниот град, за да дадат помош на локалните сили на редот.

Треба да знаете
Последни објави