Search

Полициски час во делови од Кашмир пред годишнината од промената на статусот

Дводневен полициски час воведоа индиските власти во делови на Кашмир под нивна контрола, еден ден пред првата годишнина од одлуката на Њу Делхи за поништување на полуавтономија на тој регион.

Безбедносните мерки се зајакнати поради информациите дека сепаратистичките и антииндиските групи ќе протестираат и ќе го одбележат 5 август како „црн ден”. Во и околу Шринагар, полицијата и воени сили одат од врата до врата и ги предупредуваат граѓаните да не ги напуштат своите домови.

Владините сили подигнаа челични барикади и бодликава жица на патиштата, мостовите и раскрсниците.

Пред една година, индиската Влада го намали статусот на државата Џаму-Кашмир и го подели на две територии под федерална администрација.

Треба да знаете
Последни објави