Search

Полициски претрес во Гостивар пронајдено марихуана

Вчера врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле претрес во дом и други простории сопственост на В. А. од село Железна Река, каде моментално престојувал неговиот син М. А. (43) од Република Србија. При претресот, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана. Претходно, завчера М. А. бил лишен од слобода откако при личен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, по извршени проверки било потврдено дека М. А. се бара со Меѓународна потерница од Република Србија за издржување казна затвор од осум и три години. М. А. бил приведен во Полициска станица Гостивар, а судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 денови.

Треба да знаете
Последни објави