Search

Полициските службеници на Естонија, Литванија и Романија открија банда кибер криминалци

Полициските службеници на Естонија, Литванија и Романија во заедничка акција откриле организирана група кибер криминалци кои се занимавале со измами и перење пари, јави денеска полициската агенција на Европската унија-Европол.

Целата операција била поддржна и од Агенцијата на ЕУ за соработка во областа на кривичната правда -Евроџаст, а во неа се претресени неколку куќи и се уапсени три лица.

Криминалците се претставувале како припадници на легитимни банкарски институции, а на жртвите им испраќале е-пошта и СМС-пораки, мамејќи ги и извлекувајќи им ги податоците потребни за пристап до нивните банкарски сметки, од кои потоа, без одобрение, си префрлале пари на своите сметки во неколку земји-членки на ЕУ.

Кибер криминалците украле над 200.000 евра, оштетувајќи речиси 500 граѓани на Естонија и 100 државјани на Литванија, а сума ќе била и поголема доколку естонските и литванските банки не ги блокирале сомнителните трансфери во вредност од речиси 450.000 евра.

Истрагата е во тек, а досега достапните докази покажуваат дека размерот на криминалната активност на групата е всушност уште поголем, па можно е да има жртви и во други земји, се наведува во соопштението на Европол.

Треба да знаете
Последни објави