Search

Полициска „шкода“ во рикверц удрила во два мопеди, повредени две девојки

На 27.09.2020 во 13.15 часот на паркинг кај ХЕЦ- Матка во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од О.М. (44) , враќајќи се наназад удрило во запрен мопед „Јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, запрен од М.Ѓ.(22),  и запрен мопед „Јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, запрен од С.Ѓ.(21), двајцата од Скопје.

Во незгодата, со телесни повреди се здобиле две сопатнички на мопедите, Е.П.(19) од Скопје и К.Б.(19) од Скопје, констатирани во болницата „8-ми Септември“ во Скопје.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави