Search

Полициска станица во Србија нападната со експлозивна направа

Вечерва, нешто по 21 часот, е фрлена експлозивна направа пред полициска станица во Србобран во Србија. При експлозијата немало повредени, јавуваат српските медиуми, а како што пренесува Н1, искршени се неколку прозори на објектот.

Српската полиција во моментот води интензивна потрага по напаѓачот и прави истрага за каква точно експлозивна направа станува збор.

Треба да знаете
Последни објави