Search

Полицајци спасиле двајца браќа кои со мотор се загубиле на Шара

Полицајци изминатата ноќ спасиле двајца браќа од Скопје кои со мотор се загубиле во блиизна на Титив Врв, на Шар Планина.

Како што информира МВР, вчера околу 21.15 часот, во СВР Тетово било пријавено дека Е.Х.(31) и неговиот брат С.Х.(25), двајцата од Скопје, кои околу 14 часот со мотоцикли се упатиле кон Титов врв на Шар планина и планирале да стигнат во Стрезимир. Браќата заталкале во планината, а им се расипал и моторот.

„На Е.Х. му се влошила и здравствената состојба, па неопходна му била лекарска помош. Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од ПС за граничен надзор Маздрача и од СВР Тетово, поделени во неколку групи, започнале со пребарување на теренот. Околу 1 часот биле пронајдени на потегот помеѓу Титов врв и Враца рид, над Боговиско езеро, по што за кусо време биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош и потоа заминале во своите домови“, информираат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави