Search

Полицајци со ратрак евакуирале неколку млади од Попова Шапка

Поради лоши временски услови неколку млади денеска се засолнале во малата куќичка во ски лифтот Г-СТАЗАТА на Попова Шапка. Тие биле евакуирани со ратрак и се во добра здравствена состојба.

-Во 15:35 часот на бројот за итни повици 112 добиена е пријава од млади лица кои заглавиле во Попова Шапка и истите се наоѓле во малата куќичка која се наоѓа во ски лифтот Г – СТАЗАТА. Поради лошите временски услови силен ветер и снег и магла истите неможеле да се спуштат надолу бидејќи видливоста била ограничена само на неколку метри, соопштија од ЦУК.

РЦУК Тетово ја известила полициската станица на Попова Шапка, од каде со помош на Ратрак околу 16:00 часот младите лица биле симнати на безбедна локација и се во добра здравствена состојба.

Треба да знаете
Последни објави