Search

Полицајци поделија храна и лекови на жители во села на границата со Бугарија

Денеска во периодот од 10.00 до 15.00 часот од страна на униформирани полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Исток, во селата Киселица и Селник, во близина на државната граница со Република Бугарија, извршена е посета на постари лица кои живеат сами во оддалечени средини на селата.

Kон нив е отежнат пристапот поради снегот. Доставена им е храна и лекови и оставени контакт телефонски броеви за комуникација доколку имаат некаква потреба.

Треба да знаете
Последни објави