Search

Полицајците на кои им избега затвореникот суспендирани

Полицајците на кои им побегна затовереник од „Идризово“ при транспорт од болница кон казнено поправниот дом по завршените здравствени прегледи ќе бидат суспендирани. Според директорот на затворот Боби Мојсовски, суспензијата за полицајците ќе следува поради непочитување на постапката за менување на рутата, поради тоа што затвореникот не бил врзан и трето како што вели, најверојатно му купувале сендвич и нему.

На враќање од Клиника, затвореник од КПУ „Идризово” избегал од возилото со кое затворската полиција го транспортирала на преглед. Затвореникот бил упатен на Клиничкиот центар на преглед. На враќање затворските полицајци застанале да купат сендвичи од бензинската на Макпетрол кај училиштето „Михајло Пупин”, при што затвореникот избегал од задната врата на возилото.

 

Треба да знаете
Последни објави