Search

Полицаец бил цел на нападот во „Александар Палас“?

Нема повредени во оружената престрелка која се случила ноќеска во хотел „Александар Палас” во Скопје, информираат од МВР.

-Околу 00.35 часот пријавено е пукање од огнено оружје во хотел Александар Палас во Скопје. Повредени лица нема. Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема, се наведува во соопштението од МВР.

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.

Сепак, како што јави претходно Алсат, според изјави на очевидци и гости во хотелот, по пукањето се слушнале и викотници од ранети лица, па не е исклучено дека може да е повреден некој од напаѓачите.

Треба да знаете
Последни објави