Search

Полицаец бил убиен од петел откако упаднал на нелегална борба со птици на Филипините

Филипински полицаец бил убиен од петел за време на рација на нелегална борба со петли во провинцијата Северен Самар.

Полицаецот Кристен Болок бил прободен од остар предмет – челично сечило што вообичаено е прицврстено на ногата на петлите во овие борби.

Сечилото го пресекло во пределот на левиот бут, притоа погодувајќи клучна артерија. Тој бил итно пренесен во болница, но по пристигнувањето бил прогласен за мртов.

На Филипините борбите со петли се забранети со цел да се спречи групирање на луѓе за време на пандемијата.

Пред пандемијата, тоа беше дозволено на лиценцирани места и тоа само во недела и празници, како и за време на локални прослави што траат најмногу три дена, јави Филипинската новинска агенција (ПНА), а пренесе Би-би-си.

Началникот на покраинската полиција Арнел Апуд за АФП изјавил дека инцидентот бил несреќен случај, нарекувајќи го бизарен настан каде работите тргнале во погрешна насока и е тешко да се објаснат.

„Не можев да верувам кога првично ми пријавија. Ова е прв пат во моите 25 години како полицаец да загубам човек прободен од сечило на петел“, рекол тој.

Началникот на полицијата исто така испратил длабоко сочувство до семејството на жртвата, соопшти ПНА.

Треба да знаете
Последни објави